Top Sport

Специјалниот ќе биде новиот тренер на Тотенхем?

Жозе Мурињо наскоро ќе ѝ се врател на тренерската работа. Повод за вакви медиумски шпекулации е изјавата на претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола, кој му понудил на Португслецот да го преземе клубот но тој ја одбил понудата.

„Се обидов да го убедам Мурињо да го преземе клубот. Ме одби бидејќи се наоѓал пред ангажман во друг клуб“, им изјавил Ола на француските медиуми. Според овие извори Лоран Блан веројатно ќе биде новиот тренер на Лион.

Шпекулациите велат дека Мурињо чекал Маурисио Покетино да добие отказ во Тотенхем. Вице-првакот на Европа се наоѓа во очајна серија од почетокот на сезоната.

Жозе Мурињо нема работа од декември минатата година кога доби отказ од челниците на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top