Top Sport

Се споија Еурофарм Работник и Пелистер

Советот на општина Битола даде „зелено светло“ за спојување на двата ракометни субјекти од овој град, Еурофарм Работник и Пелистер. Мнозинството советници гласале за договорот компанијата „Еурофарм“ да ги купи акциите на РК Пелистер.

Согласно договорот првиот тим ќе го носи името Еурофарм Пелистер, додека РК Пелистер ќе се натпреварува под името Еурофарм Пелистер 2.

Најавите се дека двата клуба ќе располагаат со вкупен буџет од еден милион евра.

фото/www.rkeurofarmrabotnik.com

Scroll to Top