Жозе Мурињо му се заблагодари на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви што му овозможил две „прекрасни“ засилувања во Пјер-Емил Хојбјерг и Џо Харт.
Двајцата дебитираа за Тотенхем во саботата при 3:0 победата во пријателскиот меч со Ипсвич Таун – Хојбјерг играше 63 минути, а Харт целото второ полувреме. Данецот Хојбјерг дојде од Саутемптон за 15 милиони фунти, додека Харт како слободен фудбалер од Барнли.
„Клубот најде многу интелигентен момент да ги донесе двајцата. Пјер влегуваше во последната година од договорот и господинот Леви заврши фантастична работа што донесе толку добар фудбалер. Со Џо, голман кој има 75 настапи за англиската репрезентација и огромно искуство, завршивме одлична работа. Бидејќи имаме луд распоред со настапите во Лига Европа, Премиер лигата, ФА купот и Карабао купот, двајцата ќе бидат клучни за нас“, вели Мурињо.