Top Sport

Спектакл на „Сан Сиро“ – Милан со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Италија Милан го совлада Удинезе во првиот натпревар од новата сезона во Серија А со 4:2 (2:2). Триумф на почетокот на сезоната забележа и Аталанта. Екипата од Бергамо во Џенова со 2:0 ја победи Сампдорија.

На „Сан Сиро“ триумфално беше отворена новата сезона во која Милан влегува со желба да ја одбрани титулата. Сепак на самиот почеток домаќинот доживеа „студен туш“. Во втората минута Тогаш Родриго Бекао ги шокираше сите на стадионот, но многу брзо следеше пресврт.

Најпрво Калабрија беше фаулиран во шеснаесетникот, а Тео Ернандез го претвори пеналот во израмнувачки гол.

Тоа беше во 11. минута, а веќе во 15. Анте Ребиќ убавото додавање од десната страна го претвори во 2:1.

„Росо-нере“ го „пресече“ вториот гол на Удинезе во третата минута од судиското надополнување кога Масина постигна гол за израмнување.

Сепак, на самиот почеток од вториот дел Брахим Диас му донесе нова предност на Милан. Победата со својот втор гол ја потврди Ребиќ во 68.минута.

Аталанта на „Луиџи Ферарис“ во Џенова ја победи Сампдорија со 2:0 (1:0), со головите на Толои во 26. минута и дебитантот во Серија А, Адемола Лукман во 95.минута.

Scroll to Top