Top Sport

Спектакл на „Вестфален“ – Седум гола и пораз на Борусија

Старо-новиот шампион на Германија Баерн и екипата на Борусија Дортмунд доживеаја порази во 32.коло, во Бундеслигата.

Бохум, во натпревар со пресврти и седум голови ја победи Борусија во Дортмунд со 4:3. Бохум имаа два гола предност по само осум минути игра, Борусија до крајот на полувремето се врати во мечот со головите на Халанд. Норвежанецот во 63.минута го комплетираше хет-трикот кога и донесе предност на својата екипа.

До крајот нов блиц-криг на Бохум, два гола во 81. и 85.минута за конечен триумф.

Шампионот Баерн падна во Мајнц. Домашниот тим славеше победа 3.1.

Келн победи во Аугсбург со 4:1, а со 1:1 завршија дуелите Волфсбург-Штутгарт и Арминија-Херта.

Scroll to Top