Top Sport

Спектакл со осум гола во Лос Анџелес (Видео)

Златан Ибрахимовиќ ја заврши својата авантура во МЛС-лигата. Неговите Лос Анџелес Галакси испаднаа во полу-финалето, во Западната конференција, од градските ривали Лос Анџелес ФЦ со 3:5.

Најдобриот тим на западот во регуларниот дел од сезоната, Лос АНџелес Галакси во 40 минута водеше со 2:0 со двата гола на Карлос Вела. Резултатот потоа го намали Павон, а на стартот на вториот дел израмни Ибрахимовиќ.

Сепак два гола предност на ЛА ФЦ им вратија Роси и Диоманде во 66 и 68 минута. На нов гол гледачите чекаа до 77 минута кога на 4:3 намали Фелтшер, но само три минути подоцна Диоманде со својот втор гол го заклучи натпреварот.

Во финалето во Западната конференција ЛА ФЦ ќе играат против Сиетл.

Scroll to Top