Top Sport

Спектакл во Франција: Мајсторија на Зидан…играше и Болт (Видео)

Франција овие денови обележува 20 години од освојувањето на светската фудбалска титула. Централен настан беше ревијалниот натпревар помеѓу златната генерација од 1998 година и светските ѕвезди.

Од генерацијата што на Франција и ја донесе засега единствената светка титула отсутни беа само Дидие Дешам, тој како селектор ја предводи репрезентацијата на мундијалот во Русија и Давид Трезеге.

Играа Зидан, Пети, Кандела, Анри, Десаи, Турам…

foto: epa

Светските ѕвезди први постигнаа гол преку Фернандо Мориентес, а израмни Анри. Потоа Зидан ја крена публиката на нозе, постигна гол од слободен удар за 2:1. Зидан го совлада англискиот голман Дејвид Џејмс.

На 2:2 израмни Гаиска Мендиета, а конечниот резултат го постави Венсан Кандела.

На овој натпревар во тимот на светските ѕвезди се појави и легендарниот атлетичар Јусеин Болт.

Франција како и во 1998 година ја предводеше Еме Жаке, додека на клупата на светските ѕвезди седеше Арсен Венгер.

Франција 1998: Бартез – Турам, Блан, Десаи, Лизаразу – Карембе, Пети, Џоркаеф, Зидан – Анри, Гуварш.

foto: epa

Замени: Лама, Шарбоние, Кандела, Џету, Лебеф, Богосјан, Ламуши, Виера, Пирес, Ба, Дигари, Диомед

Свет: Толдо – Зенони, Шимиќ, Алдаир, Савељиќ – Томаси, Давидс, Стојковиќ – Ето, Виери, Стоичков.

Замени: Џејмс, Билиќ, Иса, Нтампизас, Мендиета, Станиќ, Карагунис, Мориентес, Клајверт, Болт

Scroll to Top