Top Sport

Спектакл во Париз, Реал на гости кај ПСЖ, Спортинг домаќин на Манчестер сити

По пауза од два месеци, вечерва продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите. Нокаут фазата ќе ја отворат натпреварите во Париз и Лисабон. ПСЖ ќе го пречека Реал Мадрид, а Спортнг ќе игра против Манчестер сити.

ПСЖ со Килијан Мбапе и Лионел Меси се благи фаворити против најтрофејниот клуб во ова натпреварување. Нејмар се рехабилитираше од повредата, прашање е дали ќе го започне натпреварот. Најголемиот проблем за Реал, пред дуелот е неизвесноста со повредата на Карим Бензема. Францускиот ас не играше во изминатите три недели, пред почетокот на дуелот Карло Анчелоти ќе реши дали тој ќе биде во тимот или не.

Доколку Бензема не игра, тогаш Анчелоти повторно ќе игра со Марко Асенсио како „лажна деветка“.

Во Лигата на шампионите последен пат овие два тима играче во групната фаза, во 2019 година. ПСЖ победи во Париз со 3:0, а во Мадрид резултатот беше 2:2. Во 2018 година во осмина-финалето, Реал два пати победија со 2:1 и 3:1.

Манчестер сити се големи фаворити во натпреварите со Спортинг. Во минатото овие тимови се сретнале само еднаш, но во Лига Европа. Во четврт-финалето, Спортинг успеа да го елиминира Манчестер сити со со 2:3 и 1:0.

Scroll to Top