Top Sport

Спектакуларен гол во КОНКАКАФ Лигата на шампиони (Видео)

Екипата на Сантос Лагуна од Мексико обезбеди пласман во Лигата на шампиони на Северна и Средна Америка (КОНКАКАФ).

Мексиканците во четврт-финалната пресметка ги добија дуелите со Њујорк Ред Бул. Во Њујорк Сантос победија 2:0, а на домашен терен со 4:2.

Во реваншот фудбалерите на Њујорк за девет минути ја анулирале предноста на Санстос, но во продолжение Мексиканците постигнале четири гола.

Мечот го обележа спектакуларниот гол на Брајан Лозано. Играчот на Сантос го совлада голманот на Њујорк со удар од преку 60 метри.

Голот на Лозано на приложеното видео можете да го погледнете од 1:30 минути.

Scroll to Top