Top Sport

Спектакуларен гол во Втората лига на Србија (Видео)

Фудбалерот на Раднички од Пирот, Урош Филиповиќ, постигна спектакуларен гол по само пет секунди игра на дуелот со Јагодина.

Раднички од Пирот и Јагодина се натпреваруваат во Втората лига на Србија, а меѓусебниот дуел почна со гол каков што ретко се гледа во професионалниот фудбал.

Филиповиќ веднаш по почетниот удар од пола терен успеа да го совлада противничкиот голман.

Фудбалерот на Раднички од Пирот, Урош Филиповиќ, постигна спектакуларен гол по само пет секунди игра на дуелот со Јагодина.

Раднички победи со 3:1 и го забележа првиот триумф во второлигашката конкуренција, во Србија, дури во деветтото коло.

Scroll to Top