Европските медиуми најавуваат дека се подготвува интересна размена на фудбалери на релација Интер-Тотенхем-ПСЖ. Вакви размени се карактеристични за НБА лигата.
Намерата на Интер е да го врати Кристијан Ериксен во Лондон, Деле Али од Тотенхем би се преселил во Париз, а од ПСЖ во градот на модата би завршил Леандро Паредес.
Радио Монте Карло тврди дека сите страни би биле задоволни доколку дојде до еден ваков трејд.
Тренерот на ПСЖ, Маурисо Покетино би го добил својот миленик од Тотенхем, Деле Али, Интер би се ослободиле од услугите на Ериксен, кој не ги оправда очекувањата и би го добиле Паредес за кого и во минатото покажуваа интерес.
Преговорите меѓу трите страни се во тек.