Top Sport

Спектакуларниот Салах ги победи Вотфорд (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул со головите на Мохамед Салах забележаа победа над Вотфорд 2:0 во првиот натпревар од 17 коло, во Премиер лигата.

Иако имаа 70 отсто од поседот на топката фудбалерите на Ливерпул не сторија многу шанси пред голот на Фостер. За разлика од нив Вотфорд имаа неколку добри ситуации меѓутоа не реализираа ниту една. Докуре во првото и Деулофеу во второто полувреме не ги искористија најдобрите шанси за Вотфорд.

Ливерпул победија благодарение на индивидуалниот квалитет на Мохамед Салах. Египетскиот репрезентативец во 38 минута постигна убав гол, реализирајќи го контра-нападпт што му го овозможија Фирмино и Мане. Во 90 минута Салах изведе минијатура и со петица го совлада Фостер.

Ливерпул по 17 рунди во Премиер лигата имаат 49 бода, додека Вотфорд со само девет поени се последни на табелата.

Scroll to Top