Top Sport

Спогодбено се разделија Маркизио и Јувентус

Поранешниот италијански репрезентативец, Клаудио Маркизио (32), повеќе не е член на Јувентус.

Фудбалерот со клубот договорил спогодбен прекин на соработката и од денес тоје слободен играч.


Маркизио е производ на школата на Јувентус, а дел од клубот бил 25 години, минувајќи ги сите возрасни категории.

За сениорската екипа одиграл 389 натпревари и постигнал 37 гола.

Заминува како вистински шампион, со освоени седум титули во Серија А, четири во Купот на Италија и три во Суперкупот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');