Top Sport

Спонзорите побарале Манчестер јунајтед да го задржи Роналдо

Главните спонзори на Манчестер Јунајтед не сакаат португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо да го напушти клубот од „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.

„Дејли стар“ наведува дека на спонзорите не им се допаѓа идејата најпрофитабилниот фудбалер да го напушти „Олд Трафорд“ и дека Манчестер Јунајтед е под голем притисок да го задржи Роналдо.

Португалскиот фудбалер не се појави на подготовките на Манчестер Јунајтед за новата сезона, а наводно од семејни причини не отпатува со тимот на претсезонските подготовки во Азија.
Роналдо е разочаран од неактивноста на Манчестер Јунајтед во преодниот рок, а негова желба е и во новата сезона да игра во Лигата на шампионите.

„Дејли стар“ потсетува дека спонзори, чии имиња не се споменуваат, помогнале за финансирање на платата на Роналдо, која изнесува околу 500.000 фунти неделно.

Роналдо минатата година се врати на „Олд Трафорд“, а со англискиот клуб има договор до јуни следната година.

Scroll to Top