Лука Модриќ направи листа на пет најдобри фудбалери на сите времиња. На неговиот список се најдоа Диего Марадона, Франческо Тоти, Роналдо Назарио, Звонимир Бобан и Зинедин Зидан.
Хрватскиот капитен постојано нагласуваше дека Италијанецот Франческо Тоти и Звонимир Бобан се неговите идоли. На првото место го стави Диего Армандо Марадона.
Во својата автобиографија „Мојата игра“, Модриќ објави фотографија со Франческо Тоти и напиша: „Тука сум со мојот идол“, а кога ја освои „Златната топка“ во 2018 година, го расплака Звонимир Бобан со изјавата: „Особено му се заблагодарувам на мојот идол Звонимир Бобан“.
Модриќ не го вклучи својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо на списокот, како и Лионел Меси, неговиот голем ривал од Барселона и осумкратен освојувач на „Златната топка“.