Top Sport

Според планираното ќе се игра мечот Ворскла-Арсенал

Европската фудбалска унија (УЕФА), објави дека, најновите судир помеѓу Русија и Украина, нема да го попречат одигрувањето на натпреварот помеѓу Ворскла и Арсенал во Лига Европа.

„Сакаме да потврдиме дека натпреварот ќе се игра според планираното. Како и секогаш кога се работи за натпревар во организација на УЕФА ќе бидат преземени сите неопходни безбедносни мерки“, наведуваат од УЕФА во своето соопштение.

Дел од европските медиуми објавија дека постои можност помеѓу овој натпревар да биде одложен поради најновите судир помеѓу Русија и Украина.

Дуелот помеѓу Ворскла и Арсенал ќе се игра в четврток, на стадионот „Олексеј Бутовски“ во Полтава, со почеток во 18:55 часот.

Првиот меч во Лондон заврши со победа на Арсенал 4:2.

Scroll to Top