Top Sport

Спорен гол, победа на Шкендија и прв пораз за Вардар

Лидерот Вардар, во десеттото коло го доживеа првиот пораз во првенството. Црвено-црните, во дербито на колото се поразени од актуелните шампиони Шкендија со 2:0. Пресметката на стадионот „Борис Трајковски“, уште долго време ќе биде предмет на полемики и коментари поради спорниот гол на Емини со кој Шкендија го отвори резултатот.

Шкендија одигра подобар меч од лидерот на табелата, голманот на Вардар, Гачевски, успеа да одбрани во три зицер ситуации, а Ибраими успеа да го погоди дирекот, меѓутоа прашање е како ќе завршеше дуелот, доколку екипата од Тетово не стигнеше до предност во 45.минута со фантомскиот гол на Емини.

Долго време ќе се полемизира за овој гол, иако впечатокот е дека топката не ја мина со целиот обем. Упте на полувреме од Вардар на „Фејсбук“ реагираа во врска со овој гол.

Во самиот финишот на мечот, во претпоследната минута, Ибраими само го потврди триумфот на Шкендија.

Со оваа победа Шкендија му се доближи на Вардар на четири бода.

Резултати, 10.Коло:

Вардар-Шкендија 0:2
Ренова-Работнички 0:2
Македонија ЃП-Академија Пандев 1:0
Беласица-Победа 2:1
Шкупи-Силекс 2:0

Табела: 1. Вардар 23 бода, 2. Шкендија 19, 3. Академија Пандев 16, 4. Работнички 14, 5. Ренова 11, 6. Победа 11, 7. Македонија ЃП 10, 8. Беласица 10, 9. Шкупи 9, 10. Силекс 7.

Scroll to Top