Интересен меч без многу голови одиграа лисабонските ривали Спортинг и Бенфика во рамки на 16 коло на португалското првентво.
Бодовите останаа за домаќинот, Спортинг со 1-0 со гол на Метеус Њуњес во 92 минута им пресуди на гостите.
Педро Поро нафрли од десната страна, голманот на Бенфика избоксува, а топката падна директно на главата на Њуњес кој погоди за победа
Пред одигрувањето на дербито, Порто со 2-0 славеше против Рио Аве, па сега на табелата Спортинг е прв со 42 бода, Порто е на втората позиција со 38, а Бенфика е трета со 33 бода.