Top Sport

Спортинг Лисабон на пенали го елиминира Арсенал од Лига Европа

Спортинг Лисабон е последниот четвртфиналист во Лигата на Европа откако на „Емирати“ по изведување пенали го елиминира Арсенал со 5:3. Габриел Мартинели на успеа да реализира удар од белата точка, голманот на гостите Адан одбрани.

Арсенал имаше предност од 19.минута со голот на Гранит Џака, но во 62.минута Педро Гонкалвеш изведе неверојатна мајсторија кога од половина терен успеа да го надмудри истрчаниот Арон Рамсдејл. Мечот отиде во продолженија, а потоа се изведуваа и пенали. На крајот, поуспешни беа фудбалерите на Спортинг Лисабон.

Scroll to Top