Спортинг Лисабон постигнаа три гола на почетокот на второто полувреме за да се вратат за гостинска 3:1 победа над Астана во шестнасетфиналето на Лигата на Европа.
Хрватот Мартин Томасов постигна одличен гол за казахстанскиот клуб по само седум минути игра да најави сензација на „Астана арената“, меѓутоа португалскиот клуб се покажа како подобар противник во остатокот од мечот.
Бруно Фернандеш во 48. минута израмни на 1:1, по што Желсон Фернандеш и Сејду Думбија ја обезбедија победата за Спортинг. Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не доби шанса во мечот и остана на клупата.