Првиот клуб на Кристијано Роналдо, Спортинг Лисабон размислува да го смени името на својот стадион во чест на 34-годишниот фудбалер на Јувентус, уште еднаш покажувајќи ја моќта на еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Роналдо, кој е роден на островот Мадеира, ја почна својата кариера во 18-кратниот португалски шампион, но одигра само една цела сезона 2002/03, пред да го импресионира Сер Алекс Фергусон и тој да го донесе во Манчестер јунајтед.
Според „О Жого“, клубот планираат да го преименуваат сегашниот стадион „Естадио Жозе Алваладе“ во „ЦР7 стадион“ или „Алваладе ЦР7“. Според нив, претседателот на клубот, Фредерико Варандаш веќе почнал преговори со фудбалерот на Јуве.
Колку е големо влијанието на ЦР7, покажува фактот што тимот планира да го смени името на Жозе Алваладе, основачот и првиот член на Спортинг, кој го формираше клубот на 1 јули 1906 година.
ЦР7 веќе има именувано интернационален аеродром во негова чест на неговиот остров Мадеира, каде што има и музеј и хотел со неговото име.
CR7 Stadium: Sporting CP in talks to rename Alvalade https://t.co/z2FqZvUFpP pic.twitter.com/7o436Kylm9
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) April 8, 2019