На денот кога Црвена звезда гостува кај Милан во 6. коло од Лигата на шампионите, од славниот клуб дојде информација за неочекуваната оставка на спортскиот директор Милан.
Во прашање е Антонио Д’Отавио, кој по функција имаше поголеми овластувања од Златан Ибрахимовиќ, кој на хартија е само советник на претседателот Џери Кардинале.
Ибрахимовиќ во пракса се занимаваше со сите спортски работи и целосно го фрли во втор план Д’Отавио со својот изглед и харизма.
Медиумите во Италија пишуваат дека Ибрахимовиќ секогаш бил во преден план кога нешто добро се случувало во клубот, а кога работите не се одвивале според планираното, тогаш пред медиумите бил „исфрлан“ Д’Отавио.
Д’Отавио не сакал повеќе да го трпи ова и решил да замине по само неколку месеци откако беше назначен на функцијата.
Всушност, според медиумите најголемото несогласување настанало околу младинците на Милан, но кога ќе се собере „целиот пакет“, разделбата била единственото решение.
Наводно, тој веќе ги собрал своите работи и го напуштил клубот, но клубот не сака да го соопшти тоа пред натпреварот со Црвена звезда, кој е многу важен за „росо-неросите“.
Веќе се споменуваат двајца потенцијални наследници, станува збор за Роберто Карари и Дарио Аудацио.