Судот за спортска арбитража (CAS) ги отфрли жалбите на Фудбалската федерација на Русија и руските клубови против суспензијата што им беше изречена од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска унија (УЕФА).
Суспензијата на руските фудбалски репрезентации и клубови и забраната за играње светски и европски натпревари остануваат на сила, потврди во петокот Спортскиот арбитражен суд.
Покрај Фудбалскиот сојуз на Русија, против одлуката на УЕФА и ФИФА, пред Спортскиот суд се жалеа и фудбалските клубоби Зенит, Сочи, Динамо Москва и Локомотив Москва.
ФИФА и УЕФА ја потврдија суспензијата на сите репрезентации и клубови и за оваа сезона. Покрај тоа, тие ја продолжија одлуката со која странските играчи во руските клубови имаат можност еднострано да ги раскинат договорите со клубовите до 30.јуни 2023 година.