Top Sport

Левски го сруши сонот на Блокотехна за финале

Блокотехна загуби во првото полуфинале од БИБЛ лигата, откако Левски со тесни 85:81 беше подобар од гевгелиското изненадување.

Блокотехна има зошто да жали бидејќи имаше одличен старт на мечот и водеше со 20:9 и со 29:16 во првата четвртина, шокирајќи го тимот на Александар Тодоров. Предноста стигна до 40:29, пред во финишот на полувремето Левски да се доближи на само еден поен негатива (39:40).

Во последната четвртина, гевгеличани влегоа со четири разлика 58:54, но тогаш почна пресвртот на бугарскиот тим, кој направи целосен пресврт и го совлада тимот на Марјан Илиевски.

Во второто полуфинале на балканската лига играат Рилски спортист и Башкими.

Scroll to Top