Top Sport

„Срамежливиот“ Касемиро почнал како шпиц, сега е бескомпромисен во средниот ред

Бразилскиот фудбалер Касемиро пред да почне да настапува како последен играч за врска. играл на позиција напаѓач. Во интервју за шпанска „Марка“ раскажал за своите фудбалски почетоци во татковината.

„Кога стигнав во Сао Паоло, на 11-12 години, таму имаше околу 300 деца. Тоа беше проба и бираа 50 млади фудбалери. Јас тогаш играв шпиц, меѓутоа кога тренерите прашаа кој е напаѓач, дури 50 деца кренаа рака. Јас не се огласив, ги спуштив рацете, си реков – тоа е преголема конкуренција. Тогаш прашаа, кој игра на позиција ,десетка, и повторно 50 деца дигнаа раце. Дури откако прашаа кој игра на позиција последен во средниот ред и кога се јавија само осуммина, јас одлучив да кренам рака. Оттогаш играм на таа позиција“ – раскажува играчот на Реал Мадрид и на бразилската фудбалска репрезентација, Касемиро.

Бразилецот на таа позиција стана еден од најдобрите, по палката на Зинедин Зидан, а главните особини му се агресивност и борбеност.

„Мојата агресивност доаѓа до израз кога го напаѓам противникот и топката. Не ме интересира дали е втора или последна минута од мечот, секогаш одам на топката како тоа да е чинија со храна. Секогаш одам на топката како да ми е тоа последната“ – вели Касемиро.

Scroll to Top