Top Sport

Тухел: Нејмар е добар човек, но мора да е подготвен на критики од навивачите

Тренерот на францускиот фудбалски шампион, Пари Сен-Жермен, Германецот Томас Тухел смета дека Нејмар треба да се подготви за критиките од навивачите на парискиот клуб, затоа што сакаше да замине во Барселона минатото лето.

Тухел истакна дека Бразилецот е многу добра личност и тој не посакува зло никому.

„Понекогаш е тешко да разберете дека пред вас е добра личност која ја гледате само на терен. Тој е добар човек. Фановите само го изразија своето мислење. И нив можам да ги разберам. Ова е нивно право на изразување. Тие се горди на својот клуб, непријатно им е да слушаат дека играчот со недели зборува за желбата да си замине. Му реков на Нејмар дека во животот понекогаш мора да се соочи со суровата вистина и последиците“ – изјави Тухел.

Бразилецот Нејмар во 2017 година дојде во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

И покрај обидите летово, сепак каталонскиот клуб и ПСЖ не се договорија тој пак да заигра на „Ноу Камп“.

Scroll to Top