Неверојатно, но вистинито. Хаотичен крај имаше натпреварот меѓу Царско Село и Локомотив во првенството на Бугарија, а сето тоа изгледаше како „реално шоу“.
Во судиското продолжение, двајца домашни фудбалери се „степаа“ за топката, кој да изведе пенал, а потоа на теренот влета и интервенираше Стојне Манолов, сопственикот на клубот Царско Село.
На крајот тој одлучи Кавдански да го шутира пеналот за спас во елитата, но тој промаши и неговиот тим испадна од лигата.