УЕФА, во четвртокот, го прогласи Лука Модриќ за најдобар играч во Лигата на шампионите минатата сезона, а од таквиот избор не е задоволен супер-менаџерот, Жорге Мендеш, чии најпознат клиент е Кристијано Роналдо.
Роналдо, минатата сезона во Лигата на шампионите постигна 15 гола, а Реал Мадрид ја освои третата титула во низа, во најквалитетното фудбалско натпреварување.
Сепак, признанието за играч на сезоната му припадна на Модриќ, а во конкуренција покрај него и Роналдо беше и Мохамед Салах.
„Фудбалот се игра на теренот, а таму победи Кристијано Роналдо. Постигна 15 гола, го ‘носеше Реал на својот грб’ и повторно ја покори Лигата на шампионите. Смешно е ова, срамно е. Не треба да се поставува прашањето кој е најдобар“, изјавил за португалските медиуми Мендеш.
Кристијано Роналдо не беше присутен на церемонијата што се одржа во Монте Карло, а еден од челниците на Јувентус, Бепе Марота, рекол дека лична е одлуката на Роналдо да не присуствува на оваа церемонија.