Top Sport

Ѓоковиќ рутински, Чилиќ експресно

Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ се пласираа во третото коло на Флешинг Медоуз. Ѓоковиќ во четири сета го победи Американеџот Тенис Сандгрен, а Чилиќ го декласира Полјакот Хуберт Хуркач.

Ѓоковиќ, како и во првото коло загуби еден сет, но без поголеми проблеми славеше над Сондгрен. Србинот поведе со 2-0 во сетови (6:1, 6:3), потоа Американецот го доби тај-брејкот во третиот сет, а Ѓоковиќ со 6:2 го заврши четвртиот сет. Во наредното коло Ѓоковиќ ќе игра против Ришар Гаске.

foto: epa

Хрватот Чилиќ го декласира малку познатиот Полјак Хуркач со 3:0. Чилиќ на противникот му препушти само два гема, а неверојатно звучи податокот дека дуелот траеше само 79 минути.

Противник на Чилиќ во третата рунда ќе му биде талентираниот Австралиец Алекс Де Минаур.

Во третото коло е и Кеи Нишикори на кого Гаел Момфилс поради повреда на раката му го предаде мечот, при резултат 6:2, 5:4 за Јапонецот.

Scroll to Top