Фудбалскиот сојуз на Србија, во вторникот, на прес-конференција го претстави новиот селектор на националниот тим, Љубиша Тумбаковиќ.
Тумбаковиќ, најтрофејниот тренер во историјата на фудбалскиот клуб Партизан, на кормилото на репрезентацијата на Србија го замени Младен Крстајиќ, кој ја напушти функцијата по катастрофалниот пораз (5:0) од Украина, во квалификациите за ЕУРО 2020.
Некаде во исто време кога Крстајиќ ја напушти клупата на Србија, Тумбаковиќ доби отказ на од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. Црногорците му врачија отказ бидејќи тој одби да ја води репрезентацијата на квалификацискиот натпревар против Косово (1:1) во Подгорица.
Тумбаковиќ има 66 години, а кариерата како тренер ја започнал во Раднички од Белград во 1980 година, потоа рабител во Обилиќ, Партизан, АЕК Атина, Ал Наср, Шандонг Луненг, Стил Азин, Вухан и во репрезентацијата на Црна Гора.