Top Sport

Србија ја прегази Боливија, хет-трик на Митровиќ (Видео)

Фудбалската репрезентација на Србија, во својот последен контролен меч пред заминувањето за Русија, ја декласира Боливија во Грац со 5:1. Хет-трик постигна напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ.

Србија за лошата партија и поразот од Чиле 0:1, пред четири дена, се „извади“ со убедливиот триумф против најслабата репрезентација од Јужна Америка, Боливија.

Србите, во првото полувреме постигнаа четири гола, два постигна Митровиќ, а по еден Љајиќ и Ивановиќ. Во вториот дел најпрвин Боливија преку Кампос го намали резултатот, а конечните 5:1 ги постави Митровиќ.

Првиот натпревар на СП во Русија, Србија ќе го одигра на 17.јуни против Костарика во Самара. Противници во групата на Србите ќе им бидат и Швајцарија, односно Бразил.

Scroll to Top