Top Sport

Меси (не)намерно заборави на Кристијано Роналдо

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, не го ставил Кристијано Роналдо на листата, на фудбалери што би можеле да го одбележат Светското првенство во Русија.

„Бразил ги има Нејмар и Филипе Кутињо, за Шпанија играат Андрес Иниеста и Давид Силва. Германија нема ѕвезди, но како тим се многу силни. Во составот на Белгија многу нешта можат да направат Еден Азар и Кевин де Брујне. Најдобри играчи на Франција се Антоан Гризман и Килијан Мбапе. На овој турнир ќе видиме многу добри фудбалери“, рекол Меси за „Мундо депортиво“.

Светското првенство ќе се одржува од 14.јуни до 15.јули во 11 градови во Русија. Аргентина е во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.

Scroll to Top