Top Sport

Србија ќе проба да го „украде“ Гаштаров

Матеј Гаштаров, по извонредната партија во 180-то вечно дерби и победата на Црвена звезда над Партизан (2:1) е тема во српските медиуми. Момчето родено во 2005 година го избори пеналот, од кој капитенот Иваниќ го постигна голот за победа на црвено-белите.

Во оценките од дербито, српските медиуми се согласни дека Гаштаров бил еден од најдобрите во тимот на Црвена звезда.

Директорот за стратегија и развој при Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ, во подкастот 2×45 рече дека ќе се обидат во иднина Гаштаров да игра за оваа репрезентација.

„Ќе видиме, ќе се обидеме да направиме нешто“, реќе Стојиќ.

Инаку, Србија нема простор за маневар, бидејќи Гаштаров ќе добие повик да игра за Македонија, а можност да дебитира ќе има на 26 септември, кога националниот тим ќе ја пречека Швајцарија во Скопје.

Стојиќ, подели низа комплименти за Гаштаров.

„Тој има совршен профил за заден играч од средниот ред. Тој е жилав, неговата висина е добра, главата му е крената, го гледа теренот и не прави грешки. Се информира на време и донесува одлуки на време. Тука нема многу филозофија: брзи информации, обработка и точни одлуки. Не му треба потег повеќе, не му треба да игра како „десетка“. Така играше вчера и разликата беше веднаш видлива“, рече Стојиќ во подкастот „2×45“.

Според него, Црвена Звезда е свесна за потенцијалот на младиот фудбалер, но неговиот развој мора да биде придружен со соодветна физичка програма.

„Мислам дека луѓето во клубот го знаат тоа. Звезда има добри експерти, директорот на младинската школа, Никола Јелиќ, го прави тоа многу добро. Треба да му се даде морфолошка, односно физичка програма. Ќе дојде во ситуација каде што ќе мора да игра и со телото.“

Стојиќ објасни дека Гаштаров ќе биде изложен на многу поголем притисок во европските натпревари, поради што нема да може да се потпре само на прегледот на играта и брзо решение во секоја ситуација.

„Кога игра европски натпревари, не може секогаш да игра на „кликерот“ и на првата идеја. Тоа е невозможно, бидејќи противникот ве ориентира и така ја чита играта, а на таа позиција никогаш не смеете да ја изгубите топката. Ако ја изгубите, тоа е барем шанса за противникот, а веројатно и гол, бидејќи одбраната паѓа директно.“

Сепак, тој нагласи дека ова се недостатоци што можат да се отстранат со соодветна работа.

„Затоа мора малку да се зајакне и да го подобри тој прв чекор, но тоа се занаетчиски работи на кои се работи“, заклучи Стојиќ.

Foto/ Starsport

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');