Top Sport

Србија ќе има два клуба во Лигата на шампионите

Најпопуларните српски клубови Црвена звезда и Партизан, синоќа испаднаа во осмина-финалето, во Лига Европа и Лигата на конференции од Глазгов Ренџерс односно Феенорд, но победата на црвено-белите против против шкотскиот шампион е историска за српскиот фудбал.

Победата на Црвена звезда од 2:1 и елиминацијите на Гент од ПАОК и Базел од Олимпик Марсеј, на Србија и обезбедија две места во Лигата на шампионите од сезоната 2023/2024. Од оваа сезона шампионот на Србија нема да игра квалификации, туку ќе обезбеди директно место во главната фаза во Лигата на шампионите.

Исто така, освојувачот на Купот на Србија, ќе игра плејоф за пласман во Лига Европа, а доколку испадна ќе има место во Лигата на конференции.

Победата на Црвена звезда над Глазгов Ренџерс, на клубот му обезбеди статус на носител, низ квалификациите во наредната сезона.

Scroll to Top