Top Sport

Шишкарев и Горбок се повредиле играјќи за Русија

Двајца играчи на Вардар, Данаил Шишкарев и Сергеј Горбок, се здобиле со повреди настапувајќи за својата репрезентација, во квалификациите за пласман на ЕП. Вчера, Русија загуби од Унгарија 19:25.

Информацијата дека Шишкарев и Горбок се повредиле на овој натпревар ја сподели селекторот на Русија, Едуард Кокшаров, кој инаку е спортски директор на Вардар.

„Даниел Шишкарев и Сергеј Горбок заработија повреди и не знам дали ќе можам да сметам на нив за мечот со Унгарците на 14 април. Само медицинскиот тим знае дали ќе успеат да ги оспособат за натпреварот со Унгарците на 14 април“, рекол Кокшаров.

Ова е лоша вест за Вардар и тренерот Роберто Гарсија Парондо, во пресрет на натпреварите со Пик Сегед во четврт-финалето, во Лигата на шампионите.

Вардар во првиот меч, на 25 април ќе го пречека Пик Сегед, а реваншот во Унгарија ќе се игра на 5 мај.

Scroll to Top