Top Sport

Србинот Зајиќ и Чурлинов се нови засилувања за Силекс

Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс успеа да доведе уште едно засилување од Србија, но и нов играч од Македонија. Димитрије Зајиќ, 28-годишен играч за врска кој доаѓа од Слога Добој, е фудбалерот кој од соседна Србија ќе ги засили редовите на кратовскиот тим.

Тој во кариерата играл за српските нисколигаши Дунав и Синѓелиќ.

Нов играч на Силекс е и Кристијан Чурлинов, кој доаѓа од редовите на ФК Скопје. Тимот од „Автокоманда“ во баражот со Вардар го загуби прволигашкиот статус.

 

Scroll to Top