Српскиот „Курир“ објави една помалку неверојатна шпекулација – дека легендата на хрватскиот фудбал, Роберт Просинечки ќе биде тренерот кој ќе ја води Македонија на Европското првенство следната година, менувајќи го Игор Ангеловски.
Тешко е да се верува дека Ангеловски, кој го изгради овој тим и го крена од најслабиот пласман во историјата до пласман на големо натпреварување, ќе биде „предаден“ во вака клучен момент за македонскиот фудбал.
Просинечки, кој претходно беше селектор на Босна и Херцеговина и Азербејџан, неодамна доби отказ во Денизлиспор.