Top Sport

„Среќен сум во Билбао, тоа им го кажав на сите“

Фудбалерот на Атлетик и шпанската репрезентација, Нико Вилијамс изјави дека во летниот преоден рок одбил понуди од бројни клубови бидејќи е среќен во тимот од Билбао.

Вилијамс (22) е член на Атлетик од 2020 година, а за првиот тим на овој клуб одигра 124 натпревари и постигна 20 голови.

Во јули со селекцијата на Шпанија триумфираше на Европското првенство кое се одржа во Германија.

„Имаше понуди од бројни клубови, мојот менаџер ги решаваше. Моето срце е со Атлетик. Имам договор, но кој знае што ќе се случи во иднина. Сакав да останам овде, бидејќи најмногу се радувам на натпреварите во Лига Европа во дресот на мојот клуб“, изјави Вилијамс за ДАЗН.

Вилијамс има договор со Атлетик до 30 јуни 2027 година.

„Убаво е чувството кога знаеш дека големите клубови покажуваат интерес. На јас на сите им ставив до знаење дека сакам да останам овде. Посебно чувство е да се игра за Атлетик. Среќен сум што ќе му помогнам на клубот“, заклучи шпанскиот репрезентативец.

Во Лига Европа Атлетик ќе игра против Рома, АЗ Алкмар, Славија, Лудогорец, Елфсборг, Фенербахче, Бешикташ и Викторија Плзен.

Баските ќе имаат посебен мотив сезонава во Лига Европа, бидејќи финалето ќе се игра на нивниот стадион „Сан Мамес“.

Scroll to Top