Top Sport

Срѓан Захариевски го презеде Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар по само четири рунди во првенството го добби и третиот тренер. Вардар потврди дека Срѓан Захаривески е назначен за нов тренер на првиот тим.

Вардар, во првите четири рунди забележа три порази и со три бода се наоѓа на делба на последната позиција со АП Брера.

Сезоната на кормилото ја започна Горад Михаилов, кој по победата над Пелистер се повлече од приватни причини. Него го наследи Горан Петрески кој заедно со стручниот штаб си поднесе оставка по поразите од Шкупи и Воска спорт.

Захариевски е поранешен тренер на Пелистер, Струга Трим Лум и Воска спорт. Со Воска спорт минатата сезона дојде до финалето на Купот, со клубот се раздели по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top