Српскиот фудбалер на белгискиот Мехелен, Урош Витас се пофали со својата нова тетоважа – името „Срна“ во чест на хрватскиот фудбалер Даријо Срна, покажувајќи дека на национализмот не му е место во фудбалот.
25-годишниот Витас, во кариерата играше за Рад во Србија, за Гент и за Мехелен, за кој има 46 настапи и осум голови. Тој уште не е повикан во српската репрезентација.
Срна, капитенот на украинскиот Шахтјор Доњецк, во моментов отслужува едногодишна суспензија до 22 август 2018 поради позитивен тест на дехидроепиандостерон.