Top Sport

Српски репрезентативец пред трансфер во Лидс?

Лидс Јунајтед биле подговтвени во летниот преоден рок да го урнат трансфер-рекорд. Желба на клубот е напаѓачот на Фулам Александар Митровиќ. Српскиот репрезентативец со 23 гола е најдобрар стрелец во Чемпионшип дивизијата.

Митровиќ во летниот преоден рок ќе биде еден од најбараните играчи на Островото. Неколку тимови покажале интерес, а во редот застана и Лидс Јунајтед. Клубот чии тим предводи „Лудакот“ Марсело Бјелса за Митровиќ нуди 40 милиони евра.

Англичаните шпекулираат дека Србинот го следат од Тотенхем, Евертон, Брајтон и Шефилд Јунајтед.

Митровиќ е член на Фулам од јануари 2018 година кога Фулам на Њукасл му плати 32 милиони евра.

Лидс, чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Алиоски, се наоѓа на челната позиција во Чемпионшип дивизијата.

Scroll to Top