Францускиот ракометар Лук Абало нема да се пензионира по завршувањето на оваа сезона. Поради пандемијата со коронавирусот тој решил на една година да го одложи пензионирањето.

„Сериозно размислувам да ја сменам одлуката. Не сакам да имам ваков крај, да ставам крај поради оваа болест. Има време да решам, но мислам дека ќе играм уште една година“, рекол Абало.

Инаку планот на десното крило на Пари Сен Жермен бил да стави крај на кариерата по завршувањето на Олимписките игри во Токио.

Доколку реши да игра и наредната година, ПСЖ ќе двајца брилијантни играчи на позицијата десно крило. Покрај Абало од наредната сезона во клубот ќе игра и Шпанецот Феран Соле.

Лук Абало е дел од една од најславните генерации во светскиот ракомет. Со Франција три златни медали од европските првенства и по две злата од светските шампионати и олимписките игри.

foto/epa