Српскиот владика Иринеј, во интервју за „Печат“, открил интересна анегдота поврзана со Диего Армандо Марадона, која се случила во лифт на еден хотел во Москва.
Во хотелскиот лифт на владиката Иринеј му пришол човек, кој го бакнал крстот на неговите гради и побарал благослов. Владиката го благословил не знаејќи дека човекот е според многумина најдобриот фудвалер на сите времиња, славниот Аргентинец Диего Армандо Марадона.
„Накои од моите браќа знаат многу за фудбалот. Јас за разлика од нив ниту кога бев дете не играв фудбал, никогаш не сум гледал некој натпревар. Поради тоа воопшто не знаев со кого разговарам, а ниту името Марадона не ми значеше ништо пред таа случајна и убава средба“, рекол во интервјуто српскиот владика.