Српскиот фудбалер Филип Костиќ ги демантира пишувањата на медиумите во регионот дека пред неколку дена бил брутално претепан во еден ноќен клуб во Крагуевац. Тој истакнал дека целосно е посветен на подготовките за претстојното Светско првенство.
„Информацијата што ја пренесоа одредени медиуми дека сум претепан и нападнат не е точна. Врз мене не се случил никаков напад, ниту пак сум бил мета на хулигани. Проблемот за кој се пишува му се случи на мојот братучед пред 15 дена. Апсолутно со тоа немам никаква врска. Тоа е се што имам да кажам на оваа тема. Потполно и сум посветен на репрезентацијата“, изјавил Костиќ за агенцијата „Танјуг“.
Медиумите од регионот, повикувајќи се на белградските медиуми, вчера објавија дека Костиќ е неговиот брат биле претепани и дека тепачката можела да има и трагичен исход.