Top Sport

Зидан имал 200 милиони причини да го напушти Реал

Зинедин Зидан, ненадејно поднесе оставка на тренерската функција во Реал, бидејќи на екипата и била потребна промена, меѓутоа египетскиот милијардер Нагуиб Савирис тврди дека поинаква е причината за заминувањето на Французинот од Мадрид.

Според него Зидан добил неверојатна понуда која ќе му донесе 200 милиони евра.

„Зидан ќе биде предводник на репрезентацијата на Катар. Со нив ќе ги започне подготoвките за СП во 2022 година на кое домаќин ќе биде Катар. Ќе има плата од 50 милиони евра годишно, а ќе потпише на четири години“, тврди милијардерот за кого се вели дека секогаш е добро информиран кога станува збор за фудбалот во овој дел од светот.

Scroll to Top