Top Sport

Српското „вечно дерби“ ќе се игра пред празни трибини

Викендов во Србија стартува плеј-офот за шампионската титулата. Осум тима го играат плеј-офот, што значи дека до крајот на сеозната секој ќе одигра по седум натпревари. Борбата за шампионската титулата е решена, на Црвена звезда и е потребен уште еден бод за и математички да биде шампион. Интересно ќе биде во борбата за второто место, кое следната сезона гарантира место во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, каде Црвена звезда обезбеди директен пласман.

За второто место се борат ТСЦ, Чукарички, Партизан, а шанси има и Војводина.

Во првото коло, Црвена звезда ќе го пречека ТСЦ, а Партизан ќе му гостува на Чукарички.

Во второто коло на програмата ќе биде 170. вечно дерби, кога Партизан ќе ја пречека Црвенз звезда.

Дербито ќе се игра без публика, откако Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) го казни Партизан со еден натпревар без публика.

Партизан е казнет поради нередите што ги предизвикаа неговите навивачи на минатонеделниот натпревар против Чукарички на Баново брдо.

Scroll to Top