Top Sport

Српското вечно дерби заврши без победник

Црвена звезда и Партизан во 167. вечно дерби одиграа 0:0. Послаткиот бод го освоија црвено-белите, бидејќи успеаја да ја задржат предноста на врвот од два бода, во однос на Партизан.

Не само резултатски, туку и на теренот дербито не понуди буквално ништо. Двете екипи претпазливо влегоа во натпреварот, повеќе ги интересираше одбраната на својот гол, отколку да го загрозат голот на противникот.

Партизан ја имаше најдобрата шанса на мечот, кога Терзиќ во првото полувреме, промаши празен гол. Во овој дел од натпреварот Црвена звезда се закани преку Канга.

Во вториот дел Мениг се обиде од далечина за Партизан, а волејот на Павков за Црвена звезда заврши над голот.

Scroll to Top