Top Sport

Стадионите во Серија А со 75% исполнетост во новата сезона

Секретарот за спорт во Владата на Италија, Валентино Вецали најави дека на фудбалските стадиони во Серија А ќе биде дозволена исполнетост до 75% од капацитетот.

Ситуацијата со коронавирусот полека се стишува, па затоа се враќаат голем дел од навивачите на стадионите.

„Ќе барам во белите зони, кои имаат минимални рестрикции да се дозволи исполнетост на стадионите на отворено до 75%, додека спортските сали ќе можат да бидат исполнети до 50% од капацитетот“ напиша Вецали на Твитер.

Сепак, во подрачјата каде што ситуацијата се уште не е добра, ќе важат други правила.

„Планот е во жолтите зони да бидат дозволено максимум 1.000 гледачи на отворено, односно 500 во затворен простор“ истакнува тој.

Интер е бранител на титулата во Серија А.

Scroll to Top