Шпанскиот второлигаш Кадиз ја почна јавната расправа за преименување на нивниот стадион „Нуево Рамон де Каранза“ во Мајкл Робинсон, во чест на поранешниот напаѓач на Ливерпул, кој почина во понеделникот.
Робинсон својата кариера ја заврши во Шпанија, приклучувајќи се на Осасуна во 1987 година, за во 1989 да се пресели во оваа земја и подоцна да добие државјанство. Тој стана ТВ-коментатор во следните децении и омилен лик во Шпанија. Сега, советот на општината Кадиз во Андалуизија, предложи стадионот да се преименува во чест на Робинсон, за што граѓаните ќе гласаат.
„Името на Мајкл Робинсон мора д биде разгледано како можност кога ќе се носи конечната одлука“, се вели во образложението на одлуката.
Поранешниот напаѓач играше за Престон, Манчестер сити, Брајтон и Квинс парк ренџерс, додека во 1983/84 во единствената сезона со Ливерпул ја освои лигашката и европската титула. Робинсон имаше и 24 настапи за Република Ирска, постигнувајќи четири гола.