Top Sport

Стадионот во Волгоград подготвен за СП

Фудбалскиот стадион во Волгоград на кој ќе се играат натпревари на Светското првенство во Русија е пуштен во употреба. Новиот стадион е изграден на местото на стариот стадион, на кој своите натпревари ги играше локалниот клуб Ротор.

„Стадионот по завршувањето на Светското првенство ќе му биде предаден на локалниот клуб од Волгоград“, рекол рускиот министер за спорт Павел Колобков.

Стадионот има капацитет од 45.000 седишта.

На арената „Волгоград“ ќе се одиграат четири натпревари во првата фаза на Мундијалот: Тунис-Англија, Нигерија-Исланд, Саудиска Арабија-египет и Јапонија-Полска.

Светското првенство во Русија ќе започне за 71 ден, а натпреварите ќе се играат на 12 стадиони во 11 градови.

Scroll to Top